Турскиот султан на бугарскиот принц за македонските комити
Во австралискиот весник „Баларт стар“ (The Ballart star), на 24 февруари 1903 има објавено дека „турскиот султан му се заблагодарува на принцот Фердинанд од Бугарија за уапсените македонски комити“.
Објавата во австралискиот весник, шест месеци пред Илинденското востание во Македонија е уште еден аргумент дека во „заедничката историја“ на која инсистира Бугарија денес, според Договорот за добрососедство со Македонија од 2017 година, „допирната точка“ е во тоа што бугарските и македонските интереси и во тоа време биле спротивставени.
Од почетокот на 20 век, кога се организирало Илидненското востание во Македонија, особено во годината 1903, кога подготовките биле најинтензивни, постојат сведоштва за „коректниот“ однос на бугарската држава спрема турската империја која всушност требала да се справува со македонските востаници