ВО БИТОЛА БИТКА СО ГЛУВЦИТЕ

Од денеска па во следните десет работни дена, односно до 28 октомври, екипи на Центарот за јавно здравје од Битола ќе ја спроведуваат втората есенска фаза од превентивната систематска дератизација, односно поставување отровни мамци за уништување на глодари ( глувци).Со дератизацијата ќе бидат опфатени подземниот канализационен систем, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од јавен интерес како што се детски градинки, основни, средни и високи образовни институции, домови за сместување и престој на ученици и студенти, домови за сместување стари и изнемоштени лица, домови за деца без родители и за деца со псоебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, на локалната самоуправа и други.Потоа прифатниот канализациски систем на колективни станбени згради во споменатите региони, на депонијата Мегленци и диви депонии. Од центарот апелираат да не се попречува работата на тимовите, а граѓаните доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат.Дератизцијата ќе се изведува со поставување на парафински блокови ( отровни мамци ) со црвена боја. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втората геерација. Активностите ќе ги спроведуваат тимови од центарот потпомогнати од лица од ЈП „Нискоградба“. Едно од барањата во овие 10 дена е да не се паркираат возачите на места каде има шахти, за да бидат слободни за дератизацијата.


1263

Задолжително

Verified by MonsterInsights