‘‘80 ГОДИНИ СЛОБОДНА БИТОЛА‘‘ – НОВ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ НА ДВОЕЦОТ ШЕНОЛ МЕМИШ – ДЕЈАН МЛАДЕНОВИЌ
По големиот успех на документарниот филм ‘‘Димче Миновски‘‘, кој премиерно беше прикажан на овогодинашното издание на ‘‘Битфест‘‘, двоецот Шенол Мемиш, сценарист и режисер и Дејан Младеновиќ, снимател и монтажер, по повод 80 годишнината од ослободувањето на Битола, започнаа нов заеднички проект – Документарен филм ‘’80 години слободна Битола‘‘. Филмот се снима на повеќе локации во Битола и претставува своевидна честитка до сите жители на општината по повод овој значаен празник.

Во овој проект, учествуваат првите луѓе на Општина Битола, Завод и Музеј, Битолскиот народен театар, Историскиот архив, роднини на народни херои од Втората светска војна, новинари, актуелни и поранешни политичари од Битола, уметници и други успешни битолчани во своите професии. Филмот ќе биде прикажан во Кино ‘‘Манаки‘‘ во Битола, но доколку постои интерес, ќе биде прикажан и во други градови.


