Од дневникот на МВР за 19.10.2024
На 19.10.2024 во 19.15 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Д.Г. од с. Кривогаштани пријавил дека од неговиот двор било одземено неговото патничко моторно возило ,,опел омега‘‘ со прилепски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.
На 19.10.2024 во 22.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, ги лишиле од слобода С.К. (54), Х.К. (25),Т.В. (38) тројцата од Прилеп и М.В.(38) од с. Кривогаштани. Имено, истите го нарушувале јавниот ред и мир и физички нападнале полициски службеници од ОВР Прилеп при вршење на службени дејствија, а притоа упатувале навреди и закани кон истите. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.10.2024 во 23.30 часот во СВР Битола од страна на вработени во Казнено поправната установа Затвор Битола при претрес на неколку одделенија во Затворот биле пронајдени таблети во различна боја и големина како и опаковка со бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.10.2024 на патниот правец Ресен – граничен премин Стење од страна на полициски службеници од ОВР Ресен при контрола на патничко моторно возило „опел” со албански регистарски ознаки управувано од Х.Х. (32) од Р. Албанија, при преглед на багажот пронајдена била марихуана. Лицето е приведено во полициска станица при што ќе следува соодветна пријава.