Пет денари за литар кравјо и шест денари за литар овчо и козјо млеко на млекопроизводителите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека се исплатени 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители. Висината на директните плаќања е пет денари за литар кравјо и шест денари за литар овчо и козјо млеко.Според МЗШВ, исплатата е извршена на земјоделските стопанства, производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.
„Се што се вети, се исполнува. Грижата за земјоделците е наш приоритет“, наведува МЗШВ.