32 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ‘‘КАМЕРА 300‘‘ – БИТОЛА 2024
Синоќа во Малата сала на Центарот за култура во Битола, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го прогласи за отворен 32 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ‘‘КАМЕРА 300‘‘ – БИТОЛА 2024.
Оваа година, на фестивалот пристигнале вкупно 32 филмови од 10 земји. Првата вечер, беа прикажани 6 наградени филмови од Македонија и од Шведска:
Јубилеј – Добитник на Сребрена Камера 300
Бродот Титов Велес – Добитник на Плакета за идеа
Охридските пливачки легенди – Добитник на Плакета за репортажа
Традицијата продолжува – Добитник на Медал на УНИКА
Документарен филм за Димче Миновски – Добитник на Плакета за камера
Формула на љубовта – Добитник на Гран При
Фестивалот продолжува денес и е дел од Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола




