По 5 години од страшниот пожар, одекна камбаната на Богородичната црква во Париз
Ѕвоната на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која беше опустошена од пожар пред пет години, денеска за првпат од тогаш заѕвонија.
Оваа нова етапа во реставрацијата на една од најголемите катедрали, ставена на листата на светско наследство на УНЕСКО, се одржа речиси еден месец пред нејзиното повторно отворање за јавноста, објави Франс 24.
Денеска, осумте ѕвона на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која се подготвува повторно да се отвори на 7 декември.
„Тоа е убав, важен, симболичен чекор“, рече Филип Јост, раководител на институцијата одговорна за реставрација на катедралата, кој исто така присуствуваше на „премиерата“.Тој нагласи дека за прв пат по пожарот во април 2019 година, сите ѕвона заѕвониле заедно. За време на пожарот на 15 април 2019 година, се запали дел од северната камбанарија на катедралата, која мораше да се санира.
За да го направат тоа, осумте ѕвона сместени во оваа кула беа внимателно отстранети, исчистени од оловната прашина и обновени пред да се вратат во првобитната состојба.
Обновените ѕвона биле вратени во катедралата во средината на септември.