Меланија Трамп во словенечка реклама од 1993.! Уште од тогаш вежбала за функцијата
Меланија Трамп повторно е во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Поранешната манекенка со потекло од Словенија повторно ќе стане прва дама, откако во таа улога се најде за време на мандатот на Трамп од 2016 до 2020 година.
Низ социјалните мрежи сега се прошири видео од словенечка реклама од 1993 година, во која Меланија ја игра улогата на претседателка. На видеото можете да ја видите како излегува од авионот и ја поздравува делегацијата, а потоа во придружба на обезбедувањето влегува во автомобилот и ја поправа шминката подготвувајќи се за инаугурацијата. На крајот од снимката со широка насмевка на лицето се колне во името на претседателот.