На раководна функција на ОУ со ресурсен центар ,,Кочо Рацин”-Битола како ВД директор е назначена г-ѓа Драгана Кирковска
Своето четиригодишно средно образование го стекнува во општинското средно медицинско училиште ,, Д-р Јован Калаузи ” во Битола, а своето високо образование го завршува во 2011 година на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј ” во Скопје на Институтот за специјална едукација и рехабилитација.
Подоцна ги продолжува своите магистерски студии на насоката за оштетување на слухот.
Работното искуство во Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин ” го започнува во 2012 година како специјален едукатор и рехабилитатор на воспитна група во дневниот престој каде престојуваа ученици со посебни потреби.
По неколку години станува лиценциран Неурофидбек терапевт и својата работа ја продолжува во кабинетот за индивидуални третмани со Неурофидбек терапија, се до денес.
Има учествувано на бројни семинари, конференции, обуки и проекти од областа на специјалната едукација и рехабилитација и има особен придонес низ изминатите години во работата со лицата со посебни потреби.
Исто така, посветено работела и во нејзиниот мандат како член на Училишниот одбор на Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин “.
На раководната позиција на институцијата застанува со голем ентузијазам за внесување на позитивни промени и следење на светските трендови за начинот, методите, техниките и стандардите за изгледот и работата на светските центри и училишта од ваков тип чија примарна и најважна цел се токму лицата со попреченост, нивниот напредок и благосостојба.
Низ своето менаџирање со Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин ” ќе биде раководена од мотото
,, Може да ги имате и најскапите ѕидови на светот, но всушност ништо не сте направиле ако ги немате насмевките на лицата кои престојуваат во нив”.
Тимот на Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин “, учениците и нивните семејства ѝ посакуваат успешна и плодна работа