Рехабилитација на коловозот на регионалниот пат Штип – Карбинци
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов, извршија увид во активностите за рехабилитацијата на коловозот на регионалниот пат Р2434 Штип – Карбинци.
Вредноста на инвестицијата е 30 милиони денари, обезбедени во годишната програма на ЈПДП.