ВО ШТИП ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА НОВОГОДИШЕН БАЗАР
За првпат во Штип, од 20 до 27 Декември, на шеталиштето на улицата “Ванчо Прќе”, Oпштина Штип ќе организира новогодишен базар со богата програма и изненадувања.
Музичката агенда ги најавува следните изведувачи: Игор Димовски и Пауза за Ракија, Boca Conga & Bobi Sax, Миле Кузмановски, Горан Тонев, DJ Bazz, DJ Tasev, Марија Данева & Stand by band, Сара Мејс & Christmas Girls, Bouzuki Band, Бекрии, Duo Bright, Мартинијан Кириловски и уште многу други изведувачи кои ќе бидат задолжени да приредат добра забава и расположение на посетителите.
За новогодишната магија да биде уште поголема во програмата е предвидено и дочек на Дедо Мраз со бесплатни пакетчиња за најмалите, снешковци, жонглери, аниматори, театарски престави на отворено, наградни игри, подароци и уште многу други изненадувања!