Нова пешачка патека во Општина Новаци

Градончалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, направи увид на градежните работи каде во моментот се изведува пешачка патека од потегот на влезот во село Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.
Вкупната должина на пешачката патека е 1440 метри при што планирано е да содржи пешачка патека во должина од 378 метри која ќе биде поплочена, велосипедска патека од асфалт во должина од 660 метри и атлетска патека изработена од тартан во должина од 400 метри.
Вкупната вредност на проектот изнесува 12.8 милиони денари а средствата се обезбедени дел од Програмата за фосилни горива на Министерство за животна средина и просторно планирање а дел од Буџет на Општина Новаци.
Со проектот се планира изградба на гледалиште т.н отворена сцена и парапетен ѕид, смарт парк со урбана смарт опрема и скејт парк, како и поврзување на оваа пешачка патека со други два краци со вкупна должина од 345 метри.


1074

Задолжително