Мицкоски се сретна со Вучевиќ: Aкцент на билатерална соработка и заеднички регионални проекти

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со српскиот колега Милош Вучевиќ, во склоп на работната посета на Белград. 

“Остварив средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић. Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка,” напиша премиерот на неговиот Фејсбук профил.”Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти. Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици,” се вели во постот.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fposts%2Fpfbid02FDfx5RrBQ74UaXok5UJTQ7PNqSUUwPiArVYS3qP49TNXXsLBL2FaPRyWVSsqMJ4ml&show_text=true&width=500

Претходно премиерот Мицкоски се сретна и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.


1163

Задолжително

Verified by MonsterInsights