Србија, Албанија и Македонија на третата „Винска визија“
Третиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Wine Vision of the Open Balkans“, кој годинава собра дури 650 изложувачи од 38 земји, денеска свечено беше отворен на Саемот во Белград, каде што националните туристички организации на Србија, Албанија и Македонија на заедничкиот штанд ја промовираат туристичката понуда на своите земји.
Директорката на Туристичката организација на Србија, Марија Лабовиќ, со нејзините колеги од Албанија, Зана Цела и Билјана Стефаноска, од Северна Македонија, во текот на првиот ден од Саемот разговараа за досегашните резултати, а тоа беше и можност за претставниците на трите земји да презентираат само дел од својата туристичка понуда, да разменат искуства и да планираат идни заеднички проекти.
Заедничкиот штанд на националните туристички организации, во текот на денешниот прв ден, покрај бројните претставници од јавниот и политичкиот живот на Србија, го посети и министерот за земјоделство на Албанија.
Директорката на ТОС, Марија Лабовиќ, рече дека „Винската визија на отворен Балкан“ е одлична можност претставниците на трите земји да ја интензивираат соработката со цел резултатите во туризмот во нашиот регион да бидат уште подобри.
Во рамки на винската визија Владата на Македонија организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци.
Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски.
Третиот „Wine Vision“ ќе трае до недела, 24 ноември, до 20 часот.