ИМАМЕ ОГРОМНА СИВА ЕКОНОМИЈА, ВРЕМЕ Е ДА ЈА НАМАЛИМЕ Министерката за финансии ќе ги исправа работите со силна волја

Имаме рамни и многу ниски даночни стапки и огромна сива економија и врз основа на тоа одлучивме дека е време да се работи на намалување на сивата економија – истакна министерката Димитриеска-Кочоска.Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и  размената на информации е клучна во борбата со овој феномен, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

Како што информира денеска Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска истакнала дека поддршката е потребна за сите земји.

– Даночното затајување е насекаде присутно, дури и во развиените земји, затоа поддршката е потребна на сите, не само на земјите како мојата. Кога се зборува за даночно затајување не е важно само законодавството што ќе се усвои, туку многу поважна е волјата на Владата да успее во борбата со него – рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Наведуваќи дека земјава е членка на ОЕЦД од 2011 година и дека тоа што сѐ уште има висок процент на економска даночна евазија, корупција, сива економија, криминал, значи дека се прави нешто погрешно.

Овие пет месеци по преземаање на функцијата ги искористив за да ги анализирам работите и забележав дека сѐ започнува со политичката волја и даночната администрација. Како пример во 2022 година до нашата даночна администрација имало 24 барања за размена на податоци, а од наша страна само пет. Тоа го покажува интересот на нашата администрација за ова прашање. Затоа приоритет на новата Влада е да се бори со корупцијата и криминалот што претставуа еднинствениот начин како да ги зголемиме приходите во нашиот буџет. Имаме рамни и многу ниски даночни стапки и огромна сива економија и врз основа на тоа одлучивме дека е време да се работи на намалување на сивата економија. Во таа насока, а со цел ефикасно собирање на приходите потребно е да разменуваме информации и користење на сите капацитети што ни се на располагање – истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Според неа, даночната и царинската администрација се фокусирани на собирање на приходите и борбата со даночното затајување.

Димитриеска-Кочоска смета дека размената на информации е многу важна и дека таа треба да се одвива автоматски, а не по барање, особено имајќи го предвид воведувањето на глобалниот минимален данок.

Министерката учествуваше на панел-дискусија посветена на напредокот на имплементација на стандардите за автоматска размена на информации.


1082

Задолжително

Verified by MonsterInsights