Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на какво било сценарио за дестабилизација

Сакам да упатам порака со сите оние коишто се на ум да предизвикаат  какво било сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на какви било обиди. Впрочем, тоа го покажавме во текот на вчерашниот ден дека полицијата е спремна, зрела, професионална да одговори на сите предизвици, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информирајќи ја јавноста за 8 приведени лица по вчерашните инциденти.

– Полицијата реагира соодветно, професионално и зрело на сите предизвици кои се поставени пред неа. Времето на „како до сега“, крив е Пајакот, времето на крив е кабелот заврши. Имаат сите имиња и презимиња, овие сторители на конкретно кривично дело и ќе одговараат, вели Тошковски.


1109

Задолжително

Verified by MonsterInsights