Вечер за паметење: Manolo & The Voice of Gypsies во Битола
Manolo & The Voice of Gypsies ја претворија Битола во центар на емоции, ритам и радост. Публиката неуморно танцуваше, пеејќи заедно со светски познатиот Маноло Гименез, чиј глас ја пренесе душата на каталонската румба и фламенкото.
🎶 Атмосферата беше незаборавна, исполнета со аплаузи и долги овации. Овој концерт беше повеќе од музика – беше прослава на културите, мост што ги поврза сите срца во салата.
Ова е втората галерија со фотографии. Почувствувајте ја енергијата што ја носи само музиката која зборува на јазикот на душата.



фото | Диоген Хаџи Коста Милевски