БИСЛИМОВСКИ НЕ ОЧЕКУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ПОВЕЌЕ ОД 1% ОВАА ЗИМА
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти промените во неколку параметри што ги утврдува регулаторната комисија за енергетика кон одредување на цената на електричната енергија која ќе се дистрибуира кон домаќинствата и малите потрошувачи. Иако операторите со електрична енергија должат околу 30 милиони евра кон електродистрибуција, сепак, ценовната стабилност е најважна при одредувањето на цената на електричната енергија.
И денеска Редгулаторната комисија за енергетика ( РКЕ ) не соопшти колкав ќе биде реалниот износ на промените во цената на електричната енергија што ќе ја користат домаќинствата оваа зима. На денешната прес конференција соопшти дека мрежарината се намалила за 7%, дека МЕПСО го зголемил преносот за 5,68% и дека цената на операторите на пазарот на електрична енергија се зголемила за 19,8%, а дистрибуцијата се намалила за 5,52%. Ова подразбира зголемување за 4% пренос во крајната цена, зголемување за 0,19 на вкупната цена на операторите и 3,3 % намалување на дистрибуцијата, заедно со 7те % мрежарина.
„По носењето на овие одлуки во текот на следните денови ЕВН ХОУМ како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи. Успеавме да ја намалиме мрежарината поради тоа што одредени компании имаа повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ и, тоа ни овозможи да се доведеме во ваква поволна ситуација. “ – рече најпрвин Бислимовски на прес конференцијата во седиштето на Комисијата.
Досега лиценцираните оператори – снабдувачи со електрична енергија на Електродистрибуција и должат околу 30 милиони евра, па оттука и несогласувањето што овој субјект го манифестирал низ забелешка за денеска објавените одлуки. Сепак, Бисилимовски ги уверил дека ќе продолжи враќањето на долгот преку цената на дистрибуцијата што ја плаќаат потрошувачите. Тоа сепак не значи промена на цената повеќе од 1%, уверува Бислимовски.
„Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената којашто ја пријави ЕСМ на тендерот кај универзалниот снабдувач кој изнесува 62 евра / МWh јас не очекувам дека ќе има поголемо покачување на цената на електрична енергија, на просечната цена за домаќинствата да биде поголема од 1% . Она што сега ни е најбитно е обезбедување на ценовна стабилност пред се за домаќинствата, но исто така во наредниот период треба да се насочиме кон стабилизација на ЕСМ. Така што во следниот период што престои ние како регулатор иако немаме влијание на цените коишто ги нуди ЕСМ на тендерите, на секој можен начин ќе помагаме да дојде до стабилизација на финансиската состојба во ЕСМ. “ – рече тој.
Откако ќе помине зимата, и ќе се согледа производството од универзалниот снабдувач ќе се знае колкав е уделот на домашните производители на електрична енергија, кои засега се главно од обновливи извори – фотоволтаици, и една ветерна електрана за која се чека лиценцата за пробна работа. Состојбата со евтината тарифа останува непроменета.
„Ние имавме состанок со ЕСМ и со ЕВН ХОУМ некаде на почетокто на октомври во однос на воведувањето на ефтината тарифа и тогаш покажав дека нашите анализи покажуваат дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионов како и на нашата берза се најниски во перидото од 12.00ч до 16.00ч , а највисоки од 20.00ч до 24.00 часот. Имајќи во предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа се одлучивме до пролет да ја оставиме ситуацијата таква каква што е , па потоа, врз основа на состојбата во Ад ЕСМ ќе носиме натамошни одлуки. Инаку, во однос на дневна ефтина тарифа Македонија е единствена држава во регионот којашто има ефтина тарифа во текот на денот. Она што можам да го кажам е дека во наредниот период Електродистрибуција како компанија којашто управува со дистрибутивниот систем ќе започне да набавува и паметни броила коишто ќе можат на снабдувачите поинтересни понуди кај домаќинствата и на дневно ниво да ги известуваат каква би била цената во наредниот период.“
Цената на ЕСМ е 65 евра во државата, а промените на берзите од Будимпешта надолу (географски н.з ) заради поголемото количество на гасот во Западна Европа зебележале и врв од 450 дури и 900 евра за мегават час. За да биде обезбедена одржливоста на државната компанија, РКЕ ќе и обезбедува поголема продажба на поголеми количини на слободниот пазар, кадешто голем број од снабдувачите на малите потрошиувачи им понудиле фиксни цени обезедувајќи ја така стабилноста на двата пазари за струја. Потрошувачите пак може да се сменуваат од слободниот на регулираниот пазар во секое време.