БИЗНИСОТ ПРЕДЛАГА СТАПКА НА ДДВ ОД 19,5% 

На седница на Економско – социјалниот совет, покрај другото бизнис заедницата имала барање стапката на Данокот на додадена вредност од сегашните 18%, да се зголеми на 19,5%,  информира  премиерот Христијан Мицкоски на прес – конференцијата која ја одржа за време на одржувањето на седницата.

Тој појасни дека на седницата имало и други идеи и предлози кои треба добро да се анализираат.

Имаше сега на седницата да речеме предлог да се зголеми ДДВ од страна на бизнис заедницата. Да не биде 18 туку да биде 19,5%. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите аргументи на маса, да направиме една жестока анализа, да видиме што добиваме, што губиме и дури потоа да носиме одлуки – рече премиерот Мицкоски.

Данокот на додадена вредност се пресметува и се плаќа во сите фази на производството и трговија, како и во целокупниот услужен сектор.


1098

Задолжително

Verified by MonsterInsights