Агелер за Груби и Беџети: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОВАА АКЦИЈА Е ЈАСНА,треба да разберат дека корупцијата има последици

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер утрово на прес конференција порача дека вчера САД презел нов значаен чекор во борбата со корупцијата со поставување на Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа.

Како што вели, на нив и нивните семејства им е забранет влезот на територија на САД.

Таа истакна дека вчера Стејт Департментот презеде значаен чекор во борба против корупцијата со ставањето на црна листа на Артан Груби поранешен вицепремиер на Македонија и Енвер Беџети судија з авклученост во корупција заради нивните активности да влијаат во судството.

„Се надевам дека оваа акција е многу јасна, дека САД може и ќе користи секакви алатки за да ги обезбеди тие кои со своите криминални активности ги поткопуваат безбедноста и стабилноста во Северна Македонија. Под закон на САД ние мораме да ги посочиме индивидуалите за кои има докази дека сториле значајно оштетување на државата и корупција почитувајќи ги нивните улоги во минатото или сегашноста. Се вели дека правдата е слепа, бидејќи мора да биде непристрасна и објективна кон сите без оглед на нивната политичка страна, пол, минато или позиција – и не заборавајте дека иако што држи вага на која ја држи вистината против лагата, таа исто носи и меч за да ги држи тие… Корупцијата, во било која форма, не треба да биде толерантна во оваа држава, тие кои го поткопуваат правосудниот закон, треба да разберат дека корупцијата има последици“, вели Агелер.


1211

Задолжително

Verified by MonsterInsights