Мировници во Украина
Во два наврати реков дека многу бргу е можно, секако ако останат условите и очекуваната динамика на овој курс, да се носи одлука за евентуално распоредување на мировни сили во Украина. Макрон во Полска разговарал за мировници бо Украина. Според дел од медиумите се разговарало за 40 000 мировници. Ако се остане на ова бројка приказната ќе биде промашена. Чисто за споредба Украина влезе со поголема бројка во операцијата на руска територија и тука засега има подвоени мислења но, генерално е чувството дека целиот потфат е промашување. Бројките и посветеноста се само за споредба на магнитудата на конфликтот и активностите!
Полковникот Методи Хаџи-Јанев – д-р, е вонреден професор по меѓународно право на Воената академија Генерал Михаило Апостолски “во Скопје