ФОТОГАЛЕРИЈА: СО ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД БЕНИТА СТОЈМИРОВА, ОДБЕЛЕЖАН 18 РОДЕНДЕН НА МКЗ АТАТУРК – БИТОЛА
Во фоајето на Центарот за култура во Битола, деновиве беше отворена првата самостојна изложба на битолчанката Бенита Стојмирова, добитник на голем број награди и признанија и учесник на повеќе групни изложби.
Изложбата беше во рамките на проектот 80 ГОДИНИ СЛОБОДНА БИТОЛА на Македонско – турското здружение МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК – БИТОЛА, реализиран во чест на 18 Роденден на здружението.
На изложбата која предизвика голем интерес, присутните имаа можност да видат триесеттина фотографии со мотиви од Битола и околината.















