ДЕДО МРАЗ ГИ ИЗРАДУВА СО НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ДЕЦАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СТРЕЖЕВО
Традиционално, кон крајот на декември, Дедо Мраз го посети Стрежево. Тој ги развесели сите во претпријатието, каде во пресрет на празниците, ги забавуваше и на умните деца на вработените им подели новогодишни пакетчиња.
Во празничен амбиент, со украсени елки, веселиот Дедо Мраз и актерот Марјан Ѓорѓиевски, се направија многу фотографии и се посакаа безброј срдечни желби Новата 2025 година да биде бериќетна со здравје, мир, безгрижност, љубов, среќа, успеси и убавини!