Забрана за плаќање со кеш на суми над 1.000 евра

Од 1 јануари лимитот за плаќање со готовина се намалува на 1000 евра. Секое плаќање за стоки и услуги над оваа сума ќе мора да се одвива преку сметка.

Ова е второ намалување на сумата со која може да се плаќа со готовина. На јануари 2024 година лимитот беше намален од 3000 на 2000 евра.

Ограничувањето на користењето готовина е обврска што произлегува од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, а не се однесува единствено на приредувачите на игри на среќа.

Казните за прекршување на ограничувањето се движат од 5.000 до 40.000 евра. И тоа за голем трговец, глоба во износ од 30.000 до 40.000 евра во денарска противвредност, за среден трговец, глоба во износ од 20.000 до 30.000 евра во денарска противвредност, за мал трговец, глоба во износ од 10.000 до 20.000 евра во денарска противвредност, за микро трговец, глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност.

Законот предвидува и прекршочна постапка за привремена забрана за вршење дејност за правното лице, како и глоба за одговорното лице во правното лице, вклучувајќи и можност за прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.


1267

Задолжително

Verified by MonsterInsights