Јован Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, остана и без пасош

Околу 11,5 МИЛИОНИ ЕВРА се во моментов под истрага.

❗️Според документите кои ги има на јавни набавки, видов дека сопственик на ,,ЗОБЕК МИНИНГ” се води Енис Колашинац.

Патем човек со исто име му беше сведок на венчавката на Мухамед Зекири.

[Фирмата добила вкупно 5 тендери во ТИРЗ тешки 22 милиони евра, но и тендери во РЕК од 20 милиони евра]

■ Дали Енис е во роднинска врска со Мунир Колашинац претседателот на Бошњачката партија која е коалиционен партнер на СДСМ, не знам искрено. Но, нема да ме чуди.

💵Како иде прикаската околу јакиов кеш кој го делел Деспотовски?

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски склучил тендер од 622 милиони денари со ,,ЗОБЕК” во 2022 иако дале повисока цена, но пократок рок за изведба во ТИРЗ зоните во Струмица и Штип – 120 дена.

Идемо даље.

Во меѓувреме, Деспотовски, не им раскинува договор кога пробиле рокови.

Напротив, склучува ДВА АНЕКСА од околу 120 милиони и им го продолжува рокот, хаха.

Прејако!

А, на жалбите од конкуренцијата, Второстепена владина комисија останала глува и нема.

Во моментов има обвиненија за 8 лица, вклучително и од комисијата. А, на фирмата и е замрзнат имотот.

🟥 Значи. Да видиме како се делел кеш у време на Зокијевци.

■ Имам фирма, се пријавувам на тендер, нудам скапа цена и нереално краток рок за да се исфрли конкуренцијата од игра, а потоа директорот ем ми дава со анекси плус 2 милиони евра на добиените 9, ем ми го продолжува рокот за изведба.

Не, бе, не се нормални!

преземен статус од Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци


1220

Задолжително

Verified by MonsterInsights