Вработените во МЕПСО работно за празниците

📌Додека сите слават, за вработените во Националниот диспечерски центар нема празник.Тие и за новогодишната ноќ се на првата линија за стабилен и безбеден пренос на електрична енергија.

✅️Традиционално, во првите часови од Новата Година, дежурните диспечери ги посетија генералниот директор проф.д-р Бурим Љатифи, директорот на ОЕПС, Сашко Лакински и раководителот Ванчо Шахпаски.

🤝Почитувани диспечери, ви се заблагодаруваме за вашата посветеност, професионалност и одговорност. Вашиот труд и знаење е од исклучителна важност да се справите со непредвидливите ситуации и во ниеден момент никој да не остане без електрична енергија.

➡️Продолжете со истата посветеност и одговорност. Вие сте основата на нашиот заеднички успех.

🌟Среќна Нова Година! 🌟


1194

Задолжително

Verified by MonsterInsights