Градоначалникот Стевановски со поддршка за многудетните семејства и лицата од социјален ризик пред Бадник и Божик

Во духот на претпразничната радост и заедништво, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, подели пакети со прехранбени продукти на многудетните семејства и ранливите категории граѓани во Општина Новаци. Оваа хумана акција е дел од традиционалните активности за поддршка и внимание кон оние на кои им е најпотребно, особено во овој значаен период од годината.
„Бадник и Божик се празници на љубовта, дарувањето и споделувањето. Да даруваме и да се радуваме заедно, бидејќи токму во тоа е суштината на овие свети денови. Со овие пакети сакаме да внесеме малку топлина и радост во вашите домови,“ изјави градоначалникот Стевановски при доделувањето на пакетите.
Секој пакет содржи основни прехранбени продукти и производи кои ќе им помогнат на семејствата да ги прослават празниците достоинствено и со радост.
Нека празниците бидат време на љубов, добрина и споделување. Општина Новаци продолжува со вакви иницијативи, носејќи светлина и надеж кај сите свои жители.


1196

Задолжително

Verified by MonsterInsights