Претседателката одговори на критиките, не го употребила ветото за да навреди некој јазик туку се водела од Уставот

Првото вето, претседатeлката вели, не го употребила за да навреди некој јазик, ниту се водела од партиски совет. Предвид ги имала Уставот, но и законите за македонскиот јазик и за јазиците.  Ги повика пратениците уште еднаш да ги разгледаат членовите 9 и 10 од  Законот за заштита на децата со кои се предвидува двојазични лиценци, а се остава простор и за дискрециони овластувања на министерот во начинот на издавање на лиценците за работа во градиника. Според неа, не е спорно кога испитот се полага на албански јазик, да се добие и лиценца на албански јазик.

  • „Зборуваме за право, не зборуваме за обврска. Никој не оспорува кога се полага испитот на албански јазик да се добие лиценца на албански. Она што за мене е спорно е што е заброравено, покрај на македонски јазик и на албански, а се разбира кога полагате испит на македонски логично е да ја добиете лиценцата на македонски јазик“ изјави Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија.

Покрај двојазичните лиценци, Сиљановска Давкова укажала и дека не е употребена формулација од Уставот „Јазикот што го говорат најмалку 20 проценти од граѓаните“. Во измените стои дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните и неговото писмо”. Таа смета дека станува збор превид. Ветото вели не го направила триумфалистички.

  • „Не сум јас пристрасната, туку партиите кои посегаат по квалификации. Јас само тргнав од еден ноторен уставен и правен факт дека најпрво во самиот закон има одредба во која се вели дека меѓу остантото начинот на полагањето и начинот на издавањето на лиценците се уредува со акти на министерот“ изјави Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија.

Премиерот Мицкоски смета дека одредбите се несмасно направени. Најавува дека ќе бидат корегирани и очекува да бидат усвоени со новите прецизни формулации согласно Уставот и законот за јазиците.  Потенцира дека службен јазик на целата територија на државата е македонскиот јазик, но сите Албанци ќе имаат право да  полагаат на албански и да добијат лиценци на албански јазик.

Информацијата за ветото пред два дена ја обелодени опозициската СДСМ која побараа власта целосно да се откаже од измените на закон за заштита на деца. Покрај тоа што е спротивен на Уставот од СДСМ оценија и дека власта ги враќа процесите  назад со воведување можност за полагање за стекнување со лиценца во хартиена форма наместо во дигитална а имаа забаелешки и за процедурата во собранието. Од ДУИ оценија дека ветото е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците.


1110

Задолжително

Verified by MonsterInsights