Министерката Сања Божиновска во посета на трансформаторската станица Битола 2
Денес, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, е во посета на трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор. Оваа инвестиција претставува пресвртница и клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за Југозападниот регион на земјата и целиот електроенергетски систем.
„Нашата мрежа беше изложена на сериозен ризик, особено поради двата изгорени трансформатори, што создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем“, изјави министерката Божиновска.
Извор: Апла.мк