И механизацијата на РЕК Битола се вклучи во чистење на патиштата во битолскиот регион
Патот од Битола до РЕК Битола исчистен и постојано се одржува! Во координација на раководството на РЕК Битола и Градоначалникот на Општина Новаци, синоќа со помош на екипа од одделението помошна механизација од ПЕ Рудници РЕК Битола, регионалниот патен правец РЕК Битола-Новаци се одржува чист за непречено одвивање на сообраќајот и работата на комбинатот, објави порталот АПЛА.