Пуштена во употреба делницата Градско-Дреново од Коридорот 10
Во употреба е пуштена делницата Градско-Дреново, којашто е дел од Коридорот 10, со вкупна должина од 16,5 километри. Проектот, вреден 37,3 милиони евра, е реализиран со поддршка од ИПА фондовите и македонскиот буџет.
Овој значаен инфраструктурен објект, кој вклучува клучки, вијадукти, мостови и патни премини, ќе придонесе за подобра поврзаност на македонските граѓани.

