“Москвич” за првпат најпродавано електрично возило во Русија

Во декември 2024 година, „Москвич“ за првпат се најде на првото место во продажбата на електрични возила на рускиот пазар, со продадени 447 автомобили, според податоците на агенцијата Autostat.

Со овој резултат, брендот го надмина кинескиот Zeekr, кој продаде 443 електрични автомобили, но претрпе пад од 54% во споредба со декември минатата година. Експертите укажуваат дека скокот на продажбата на „Москвич“ – 10,6 пати повеќе од истиот период лани – главно се должи на зголемената побарувачка од правни лица за електрични кросовери.

Меѓу најпродаваните марки се најдоа и ORA (86 единици), Evolute (75 единици) и Tesla (40 единици). Од нив, само „Москвич“, Evolute и ORA се официјално достапни на рускиот пазар.

Кросоверот со погон на предните тркала „Москвич 3е“ е опремен со еден електричен мотор со капацитет од 68 КС. Максималната брзина на автомобилот е 140 km/h. Со едно полнење, електричниот автомобил може да помине 410 километри. Моделот има функција за брзо полнење што овозможува да ги наполни батериите од 30% до 80% за 45 минути.

Цената на „Москвич 3е“ изнесува 29.500 евра.


1178

Задолжително

Verified by MonsterInsights