Новото законско решение за јавни набавки не е чекор назад – сметаат од бирото за јавни набавки

Измените во законот за јавни набавки кои веќе се на сила, не е чекор наназад во однос на следењето на јавните набавки и транспарентноста на случените договори и трошењето на народните пари, смета директорката на Бирото за јавни набавки. 

Според неа досегашното законско решение имало маани, па вели треба да се остави простор и време пред да се оценува новиот закон за јавни набавки.

„Апсолутно не се согласувам дека одиме чекор нанзад туку напротив праксата од тоа што досега фукнционираше покажа слабости треба да дадеме простор и време на новото законско решение кое што треба да почне да се применува од 1 април да видиме кој придобивки ќе ги даде. Во однос на консулатации со јавноста остнауваме отворени“…. – Маре Богева Мицовска, директока на Биро за јавни набавки

примената на законското решение стартува на 1 април… по забелешките на ДКСК, опозицијата и ЕУ законот првично беше повлечен и со, како што тврдеа од ВМРО ДПМНЕ суштински измени беше повторно вратен во Собранието, каде ги помина сите филтри, а пред 5 дена е потпишан и вратен назад во Собранието од претседателката Сиљановска Давкова.

Во меѓувреме Владата работи на изнаоѓање решение за голем број институции и комуниални претпријатија кои не можат да ги подмират своите сметки за струја. Божиновска, на денешната презенатација за придобивките од работата на домашната берза на електрична енергија, рече дека тие како Влада се свесни за проблемот, на крајот на денот сметките ги плаќа Владата, но решение не може да се најде веднаш.

„Ние сме свесни за овој проблем и на крајот на мината година почнавме да ги гледаме болници, училиштата, комунланите претрпијатија и други кои имаат енормини сметки за струја тука е фактот дека тие можеби и од не знаење и од нестручен кадар на пример ако не изберат снабдувач одат во снабудвање со краен случај, значи не се запознаени со последиците од непостапувањето, а друга работа е се оставени на ризик на берзата бидејќи тие се непрофитни ние сега правиме анализи да видиме колку мегават часови е тоа вкупно и ќе видиме да направиме пакет за нив и поевтина цена“… – Сања Божиновска – министерка за енергетика

Пред една недела преку писмено соопштение од Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, каде членуваат околу 90 јавни комунални претпријатија побараа повластена цена на струја и разбирање, како што се вели во соопштенито за нормално снабдување со питка вода.


1096

Задолжително

Verified by MonsterInsights