Поштарот увек ѕвони два пати на Бихаќка

Поштарот увек ѕвони два пати на Бихаќка. Следното ѕвонење ќе им биде на ЛОКАЛНИ 2025.

Истите ,,зокијевци” кои до избори на народот му правеа филмови како ,,ВМРО и Мицко” не ги сакаат Американците и никогаш нема да прават влада, напротив ,,калето” ќе им подари влада на СДС макар и камења паѓале, сега пак ги продаваат истите глупости околу посетата на Мицкоски на САД.

Као седел далеку, пошто нели ние сме 51 држава на САД и треба да ни дадат и микрофон на бината да држиме пола саат говор, да се жалиме од ,,бугарите” и како Словенците ни го украдоа ајварот.

Па, како не бил доволно блиску за заедно со Цукенберг да буљат во девојка му на Безос, па како бил настанот безначаен, шо барале од нашава влада таму и ред други булшитови од истата кујна.

#####

Сетете се само какви сé не небулози и срања ви пласираа истите несреќни ликови, групирани меѓусебе, пред 8 мај. И како ништо од тоа не се оствари. Ниедна од тие милион пуштени лаги во етер немаа влијание врз изборниот процес.

Влијание – КОМПИР.

Уште тогаш пишав и кажав дека САД ќе ја поддржат секоја наша демократска избрана влада. И дека немаат врска тие филмови дека СДС влагаат ,,со нога во врата” кај Анџела и ете – ,,готова е работата”.

Леле, кога ќе ми текне како низ градов се ширеа сељачките финти на сдс за да плашат народ – ,,брат, готова е работата” 😅

Видовме колку е готова 😅

Таа патолошка потреба за деструкција со конструкции преку нивни медиумски прегорени жижици, одамна нема импакт пошто е зарибана ,,Мамли крнтија”, али јбг, само такви им останаа на Бихаќка. Такви дебили им се ,,прва линија” и ,,машина” за избори, хаха.

#######

Не само што САД стои безрезервно зад владата на ВМРО туку и САД е наш најголем сојузник особено десничарската влада на Трамп и неговата администрација.

🟧 Времето ќе го покаже тоа и поддршката која оваа влада ја има, додека СДСМ се распаѓаат и тонат во дупката која сами си ја копаат.

Впрочем доволно е да се потсетиме на изјавата на 🇺🇸 амбасадорката #Ангела#Агелер од 16 декември, 2024, која и тоа како е ветер во едра на Мицкоски и министрите.

Во дипломатијата нема случајности.

✅️ ЦИТАТ: ,,Врз основа на моите директни разговори со овој премиер и со многу негови министри, за некои од прашањата што ги споменавте, енергијата, енергетската диверзификација, трговијата, инфраструктурата, транспортот, регионалните врски, тие постигнаа напредок. ТИЕ ПОСТИГНАА ЗНАЧИТЕЛЕН НАПРЕДОК“, потенцира Агелер во интервју за ,,Слободен печат”.

Jordanka Joci Ivanovska


1125

Задолжително

Verified by MonsterInsights