ПЕТАР НИКОЛОВСКИ Е НОВИОТ КООРДИНАТОР НА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Нов координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола е советникот Петар Николовски. Тој доаѓа на местото на Методија Илиевски кој исто така е советник.

Причината за оваа промена, како што вели претседателот на битолските социјалдемократи Методија Куновски е деакумулација на функции, односно според статутот на партијата не смее еден член да има повеќе од една партиска и една политичка функција или не може да се биде се.

Петар Николовски во Советот на Општина Битола е од 2021 година и ова е негов прв мандат, а од денеска и со дополнителна одговорност шеф на советничката група во битолскиот Совет.


1341

Задолжително

Verified by MonsterInsights