Доналд Трамп ГО СКИНА КЕШОТ
Доналд Трамп ГО СКИНА КЕШОТ кој македонскиве новинари со години го добивале од американските даночни обврзници.
Толку беше.
Е, сега. Како овој лик, Васко Попетрески и медиумот ,,360 степена”, добивале со години 1,4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ од САД – појма немам!
Нејасно е кој тоа го избрал ликов во 2014 за да прави медиум со американски пари.
Веројатно е многу случајно што баш во тоа време доаѓа Заев на чело на СДСМ, кога ги има во посед ,,бомбите”, а веќе во 2015 почнува да ги емитува.
Не знам за што точно биле тие силни американски трансакции кон овој медиум, со оглед дека во земјава постојат безброј други новинари кои се далеку подобри од него и имаат што да кажат на јавноста, но немале минимална шанса ни за десет пати помала сума за грант за да создадат медиум.
Веројатно ни даночните обврзници во САД појма немаат дека некојси Васко од Струмица, нали од каде што е и Муртињо, им ги трошел парите со години.
#######
Како и да е, има силна симболика што вчера, на денот кога Трамп му ги скина тие 1,4 милиони долари, гостин на Васко Попетрески му беше премиерот #Христијан#Мицкоски кој пак го доби досадното прашање – ,,а, зошто не бевте во Ротондата на Капитол Хил?”.
Да не зборувам како пак ја рециклираше старата вест за #Бојан#Христовски на АНБ, а Бојан више месец дена има НАТО безбедносен сертификат.
НАТО го призна и има пристап до тајни документи, Васко уште е заглавен кај дипломата за англиски.
Свашта!
Васко гревов, кој вчера испи цистерна со вода во студио од стрес ваљда, уште не сфатил дека скроз е веќе небитно дали Мицкоски бил или не бил во факин Ротондата, кога Трамп веднаш потоа ги ,,спакува” таквите ко Васко, затоа што цицале паричка од буџетот на САД, а се миленичиња на ,,зокијевци”.