АД ЕСМ додели 6 стипендии на талентирани студенти

АД ЕСМ, како општествено-одговорна компанија, ја продолжува традицијата за поддршка на најдобрите студенти и додели стипендии на шест талентирани студенти – две студентки од Машинскиот факултет во Скопје и четворица студенти од Универзитетот во Тетово. Стипендиите се дел од повеќегодишната практика за поддршка на образовниот процес и вложување во млади потенцијални кадри од областа на електротехниката, машинството, рударството и информациските технологии.

🤝На доделувањето на стипендиите присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и заменик-генералниот директор Реџеп Асани, коишто им честитаа на студентите и им посакаа овој чин да ги поттикне и да ги стимулира за уште поголеми достигнувања и успеси.

👩‍🎓Стипендистите добиваат финансиска помош во износ од 80.000 денари годишно со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа, како и можност за вработување во компанијата. Средствата се доделуваат еднократно за една академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно, врз основ на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, пак, се услов за продолжување на стипендиите.

⛑Студентите изразија благодарност до АД ЕСМ и истакнаа дека стипендиите им се дополнителна мотивација за да бидат континуирано во потрага по нови знаења, дека ќе имаат посигурна иднина, а нашата компанија ја сметаат како потенцијално место каде што по завршување на студиите би го продолжиле својот професионален развој.

Компанијата и понатаму ќе продолжи со поддршка за младите и нивното образование, создавајќи кадри кои се важни и конкурентни на пазарот на трудот.


1300

Задолжително

Verified by MonsterInsights