„Македонско село“
Го исполнуваме ветувањето за заживување на туристичкиот комплекс „Македонско село“, кој беше затворен во изминативе шест години. Денеска во печатените медиуми го објавивме огласот за избор на концесионер за комплексот, кој треба да почне да работи од 1 јуни.
Ова е уште еден показател за нашата посветеност за одговорно управување со државниот имот, а во случајов ќе придонесеме и за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување.