СО ЗАКОН ГИ ЗАБРАНУВАМЕ НЕЛЕГАЛНИТЕ ОНЛАЈН ИГРИ НА СРЕЌА

▶️Во Законот за електронски комуникации предвидуваме измена каде што со ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни. Детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа.

▶️Министерството за дигитална трансформација работеше на законските измени координирано со останатите институции кои што се засегнати во оваа област, за да се избегне да си упаднат во надлежностите една на друга.

▶️Законското решение помина на Влада, а по седум дена е влезено во собраниска процедура и очекувам да помине со поддршка на сите пратеници.

▶️Ова е еден од начините да се спречи младите да имаат пристап до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени. Ова е начин како да спречиме тинејџерите, но и сите граѓани да играат онлајн игри на среќа и да споделуваат лични информации и банкарски податоци онлајн кои можат да се злоупотребат.

Стефан Андоновски


1167

Задолжително

Verified by MonsterInsights