Министерката за енергетика Сања Божиновска во посета на ветерниот парк Богданци

🔋💨 Ветерот дува во корист на Македонија!

⚡️ Повеќе струја, помалку загадување!

Го посетив ветерниот парк Богданци – пример за успешна инвестиција во обновлива енергија и значаен придонес за нашиот електроенергетски систем.

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни – клуч за одржлива иднина без загрозување на ресурсите за идните генерации. Со 16 турбини годишно произведува енергија за околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилни горива и CO2 емисиите.

Македонија може да биде лидер во обновливите извори – Богданци 2 е доказ. Го удвојува својот капацитет – нови ветерни турбини ќе обезбедат дополнителни 37 GWh енергија годишно.

Со новите турбини во Богданци, го намалуваме увозот, ја зајакнуваме енергетската сигурност и обезбедуваме повеќе електрична енергија за граѓаните. Ова е патот!

Инвестираме во стабилна, чиста и достапна електрична енергија!


1152

Задолжително

Verified by MonsterInsights