Работна средба на директорот на Управата за водостопанство со претпријатијата со водостопанска дејност во Пробиштип
Денес во седиштето на ЈП ХС Злетовица Пробиштип по иницијатива на директорот на Злетовица, Златко Стојановски се одржа работна средба на директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов со јавните претпријатија со водостопанска дејност.
На состанокот присуствуваа директорот на АД Водостопанство на Македонија, Филип Филиповски, директорката на ЈП Стрежево, Вера Бешлиевска и директорот на ЈПВ Лисиче Велес, Ванче Маневски, како и стручни тимови од претходно споменатите институции.
На работната средба се разговараше за моменталната состојба на акумулациите, поцелосна координацијата и комуникацијата на претпријатијата со обезбедување на навремени податоци и информации за заедничко делување и интензивна соработка за делување во насока на имплементација на владините водостопански политики.
Особен акцент беше ставен на реализација на проекти за заштита, зачувување и подобрување на расположливите водени ресурси согласно начелата за достапност на доволно количество квалитетна вода.
Конструктивната средба беше заокружена со теренска посета на браната “Кнежево” со придружните објекти, како и увид во градежните активности за изградба на мала прибранска хидроцентрала ХЕЦ Б, која е вовед во градежните активности за реализација на Фаза 3 од Проектот Хидросистем Злетовица.