ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ОДБЕЛЕЖАН ПРЕД РУСКИОТ КРСТ ВО БИТОЛА

10 февруари 2025 година, Битола, Македонија – На денот на рускатја дипломатија, Амбасадата на Русија одржа свечена церемонија на положување венци кон споменикот „Рускиот крст” во Битола, подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски на местото на неговата трагична смрт во 1903 година за време на извршување на службената должност, како и кон руските гробишта, вклучувајќи го првиот драгоман (преведувач) на Рускиот конзулат во Битола, Антон Лапе.

Панихида за загинатите руски дипломати одржа Неговото Високопреосвештенство г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски со свештеници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На настанот присуствуваа пратениците на Собранието на Македонија Реџеп Исмаил-Хактан и Драган Недељковиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, Почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Битола Биљана Дамјановска Јанчевска, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, делегација на Советот на општина Битола, делегација на Руската заедница во Македонија предводена од претседателката на Координативниот совет на организациите на руските сонародници Светлана Барибина, претставници на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство, општествени и културни дејци.

Поздравна беседа пред присутните одржа Неговата екселенција Сергеј Баздникин Амбасадор на Руската Федерација во Македонија, чиј говор го пренесуваме во целост.

Ваше Високопреосвештенство Владико Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски, почитувани Реџеп Исмаил-Хактан и Драган Недељкович, пратеници на Собранието на Македонија од ЛЕВИЦА и Демократската партија на Србите во Македонија, почитувани колеги, кои ги претставуваат пријателски за Русија земјите од Светското мнозинство, Ваша Екселенцијо Драган Јаќимовиќ, Амбасадор на БиХ и полковник Цзу Нин, воен аташе на Кина, почитуван проф. д-р Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, почитувана Дамјановска-Јанчевска, почесен конзул на БиХ, почитуван Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп, почитувана Светлана Гаврииловна Барибина, претседател на КСОРС, почитувани сонародници, почитувани членови на здруженијата на македонско-руско пријателство, почитувани претставници на “Лукоил Македонија“, почитувани дами и господа, драги пријатели, пред се’, драго ми е што денес ве гледам на традиционалната церемонија на положување свежо цвеќе пред споменикот на Рускиот крст – им благодарам на сите кои дојдоа да земат учество на овој настан, на кој му придаваме големо значење.

Би сакал да изразам благодарност до владика Петар за организирањето на панихидата во спомен на Александар Ростковски и сите наши загинати колеги и – посебно – за неговото лично учество во него и искажаните многу убави зборови.

Денес во нашата земја и ширум светот руските дипломати го слават својот професионален празник – Денот на руската дипломатија. Вработените на руската дипломатска служба во сите времиња се одликувале со висока професионалност и најдобри морални квалитети – длабока љубов кон Татковината, отворена грижа за нејзините благосостојба и иднина, несебично служење за Родината.

Убеден сум дека дипломатите и понатаму сигурно ќе ги штитат националните интереси на Русија, доследно ќе ги спроведуваат надворешно-политичкиот курс и задачите што ни ги поставува раководството на земјата на чело со Претседателот Владимир Путин и ќе изнаоѓаат решенија во најтешките ситуации. Тоа е нашата должност кон генерациите на нашите претходници, кон целиот наш народ.

На овој ден му оддаваме почит на споменот на нашите починати колеги, пред сè на оние кои ги дадоа своите животи “на должност”. Сите знаат дека рускиот императорски конзул во Битола, Александар Ростковски, загинал на македонската земја – неговото убиство во 1903 година предизвика голем револт.

Познато е дека Ростковски искрено се грижел за судбината на христијаните во Македонија и ги поддржувал во борбата за слобода. Неговиот придонес во развојот на националната самосвест на Македонците го ценеа и самите битолчани – на нивна иницијатива беше подигнат “Рускиот крст“ – патем, двапати.

Да забележам дека, сме благодарни што го чувате споменот на рускиот дипломат, го цениме вниманието на властите во Битола и жителите на градот за одржување на споменикот во соодветна состојба. Благодарност на општинската делегација која е присутна тука денес.

Сеќавањето на нашите извонредни претходници е од трајно значење за нас – баш вака вековните традиции на руската дипломатија се пренесуваат од колено на колено, ни овозможуваат да го спроведеме во пракса акумулираното богато искуство во заштита на интереси на државата, вклучително и во услови на агресија и надворешен притисок.

И денес земјите од “политичкиот Запад“ не се откажуваат од обидите да ја “укинат“ Русија. Борбата против сè што е руско стана смисла на животот за многу западни политичари. Тие користат какви било техники. Знаеме – нема да успеат.

Тешко е да се поверува дека земјите на Европа кои ги доживеале ужасите на Втората светска војна можат отворено да го поддржат режимот во Киев, кој не само што ја возвишува неонацистичката – мизантропска идеологија, ги издигнува колаборационистите осудени од Нирнбершкиот трибунал на ниво на национални херои, туку и ја спроведува во пракса – вклучително и кон руските цивилни згради и мирни луѓе, вклучувајќи жени, деца и постари лица. Сето ова е добро познато – сите оние кои се виновни за злосторства, вклучувајќи масовни егзекуции на цивили – а доказите за тоа се појавуваат се почесто – ќе ја добијат заслужената казна.

Работите, за жал, се приближуваат до апсурд. Неодамна, на Денот на сеќавањето на Холокаустот, многу западни политичари се воздржаа да кажат кој всушност го ослободил концентрациониот логор Аушвиц. Овој став го сметаме за обид да се фалсификува историјата, да ги оправда нацистите и нивните соработници и да ја ретушира улогата на Црвената армија во ослободувањето на народите на Европа, и во крајна линија – да го поткопа угледот на нашата земја.

Силно ќе се спротивставиме на ваквите обиди и ќе ја шириме историската вистина. Особено земајќи во предвид дека оваа година, која во Русија е објавена за Година на бранителите на Татковината, ја славиме најважната годишнина за историјата на нашата земја – 80-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна и Втората светска војна. Имаме намера да организираме бројни настани – веќе следната недела во кругот на Амбасадата ќе поставиме изложба на фотографии од воените години, – да го прославиме светиот за нас празник на најрепрезентативен можен начин. Сметаме на активно учество на нашите сонародници и македонски граѓани кои нѐ симпатизираат.

Почитувани дами и господа,

Специјалната воена операција во Украина трае веќе три години. Руските вооружени сили ги спасуваат жителите на Донбас и Новоросија, се борат за безбедноста, суверенитетот и иднината на Русија. И, се разбира, тие ќе победат – на нашата страна. добро го знаеме ова, се Бог и вистината.

За тоа време сфативме многу работи – како што велат, “маските се паднати”. Но, хегемонистичките аспирации на “колективниот Запад“ очигледно се насочени не само против Русија, туку и против секоја земја што води независна и суверена политика. Светскиот поредок што настана по Втората светска војна е доведен во прашање. Тој се заснова на почитување на принципите на меѓународното право и неговиот главен извор – Повелбата на Обединетите Нации, вклучувајќи го и клучниот принцип – суверена еднаквост на државите! Наместо тоа, западните земји се обидуваат да го промовираат т.н. “поредок заснован на правила“.

Тука се наоѓа геополитичката поделба меѓу “политичкиот Запад“ и светското мнозинство. Тоа се состои од водечки држави кои ја водат национално ориентираната политика, обликувајќи го изгледот на современиот мултиполарен свет, претставувајќи мнозинството од неговото население. Без разлика колку некој не го сака ова, тоа е реалноста.

Русија се залага за неповредливост на системот содржан во Повелбата на Обединетите Нации, активно придонесува на приспособувањето на механизмите на меѓудржавните односи на рејација на мултиполарноста. Заедничката позиција на државите од Светското мнозинство по ова прашање беше јасно потврдена во декларацијата на самитот на БРИКС одржан во Русија, во Казан во октомври минатата година.

Нашиот пристап кон меѓудржавната интеракција го делат мнозинство земји. На таа основа е можна интеракција со Скопје – кога за тоа ќе бидат заинтересирани двете страни – со разбирање и најважно имплементација во практика на основните принципи – еднаквост, меѓусебно почитување и разбирање, во согланосст со интересите и на едниот и на другиот.

Им се обраќам на нашите македонски пријатели присутни тука. Периодот што не е најмалку лесен во односите меѓу нашите земји не е наш избор. Убеден сум дека тоа му е добро познато на братскиот македонски народ, со кого не обединуваат вековните врски на пријателство и меѓусебно почитување, засилени со заедничка православна вера, духовно и културно сродство, словенски корени, испреплетување на човечките судбини. Чувствуваме пријателски однос и симпатии кон Русија буквално на секој чекор и високо го цениме ваквото однесување на луѓето. Сето ова може да помогне да се обноват врските кога условите ќе бидат соодветни.

Искрено ми е драго што ве гледам сите денес кај “Рускиот крст”. Ви посакувам успех во спроведувањето на вашите планови и се најдобро. Ви благодарам за вниманието, – заврши на крајот во своето обраќање рускиот амбасадор во Македонија Неговата екселенција Сергеј Баздникин.


1177

Задолжително

Verified by MonsterInsights