“ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ. МИЈАЦИТЕ – РЕВНОСНИ ЧУВАРИ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПРИДОБИВКИ И КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ” – ТОМ ПРВИ И ВТОРИ ОД Д-Р ПЕТАР ПОПОВСКИ
Излезе од печат ново дело на д-р Петар Поповски – “Вистината за Македонија и Македонците. Мијаците – ревносни чувари на древните македонски цивилизациски придобивки и културни вредности“, Том Први и Втори.
Авторот д-р Петар Поповски во оваа двотомна студија ги демистифицира лагите и зборува за вистините за Македонија и Македонците низ столетијата, што намерно и тенденциозно ги крие англосаксонската антимакедонска коалиција.
– Народната мудрост вели, вистината кога тогаш излегува на виделина. Вистината за Македонија и Македонците со столетија свесно, намерно и тенденциозно е криена од страна на англосаксонската антимакедонска коалиција. Во двотомната студија, врз основа на непобитни историски факти и сведоштва, содржани се древни артефакти, пишани документи, летописи и книжевни дела на современици на историските настани, исклучиво од првите изданија, бидејќи наредните се фалсификувани. Мојата студија ги разобличува сите тие лаги, невистини и небулози. Двотомната студија е предизвик за МАНУ и научните институти во Македонија да ги проверат фактите и да ја потврдат вистината за Македонија и Македонскиот народ. За жал, науката во Македонија е препуштена на туѓинци кои немаат врска со науката, а надлежните не водат никаква грижа за богатото културно-историско богатство на Македонија и Македонскиот народ. Се надевам новата власт ќе ја извлече земјата од калта, во која ја втурна претходната власт и ќе се ангажира и за овие важни прашања за македонската самобитност и идентитет, – вели д-р Петар Поповски.
Д-р Петар Поповски очекува аргументите во оваа двотомна студија да најдат место во учебниците за средно и високо образование на Македонија, наместо лагите користени од западната псевдо-наука за Македонија и Македонскиот народ.
Д-р Петар Поповски го спомнува рускиот научник Милетич, кој истражувал во многу земји во светот, но останува забележана неговата изјава ”…Македонците Мијаци не’ вчудоневидуваат и ужаснуваат со својата висока интелегенција…“
Д-р Петар Поповски ја демантира историската лага на Ватикан дека, Крстоносните војни во XI-от век имале за цел да го ослободат Христовиот гроб во Ерусалим од канџите на Калифите-Арапи. Поповски смета дека станува збор за историска лага. Целта на Крстоносните војни според Поповски не биле Христовиот гроб во Ерусалим, туку рушење на средновековното Македонско царство, намерно и тенденциозно преименувано во “Византија”, со цел да се избрише името Македонско, и да се шири верското влијание на Ватикан на Исток, во Азија. Така и се случило. Имено, во 1204 година Крстоносците го нападнале Македонското Царство, ја освоиле престолнината Константинопол и еден мал дел од тоа Царство, со кое владееле 66 години. Од тој дел на Македонија кон Запад било изнесено огромно количество разновидно културно наследство, изработено претежно од глина, бронза, сребро и злато, милиони амфори со импозантни уметнички слики, во најголем дел со мотиви од богатата древно-македонска митологија, што се проценува преку 700 милијарди долари. Тоа древно македонско богатство, работено во периодот меѓу 8600-та година и 25-от век п.н.е., ги краси витрините скоро на сите музеи во светот. Станува збор за артефакти со натписи на древно-македонскиот јазик и писмо, амфори со импозантни мозаици и уметнички дела, разни скапоцени предмети и друго културно наследство, продавани од Крстоносците, како што вели историчарот Аврам Жунгула, за дебели пари.
Поповски открива дека во архивот на Константинопол (Истанбул) се чува документ, според кој, во 1254-та година од н.е., со големо воено обезбедување на Запад биле испратени 117 запрежни коли товарени со разни скапценности собрани од црквите и манастирите во Македонија.
Д-р Петар Поповски потсетува дека неговите изданија во коишто е втемелена вистината, за жал, не можат да се најдат во официјалните државни библиотеки, бидејќи Министерството за култура на Македонија е незаинтересирано, печати историски фалсификати и лаги за Македонија и Македонците, а што укажува на фактот дека министрите воделе антимакедонска политика. Впрочем, тоа се потврди и со нивното национално предавство при промената на името на државата Македонија.
– На конкурсите за откуп на книги, на кои редовно се јавувам со прилог од по пет примероци, не е откупен ниту еден примерок од моите дела, а според документираниот доказен материјал што се содржи во книгите, треба да ги има секоја библиотека, бидејќи сите се градени врз обемни и темелни научни истражувања и анализи. Се надевам дека новиот министер за култура, почитуваниот Зоран Љутков ќе расчисти со внатрешните антимакедонски елементи и ќе го врати достоинството на Минитерството за култура, – вели д-р Петар Поповски.
Сите книжевни дела од д-р Петар Поповски можат да се купат во книжарниците на Книгоиздателство “Матица Македонска” во Скопје на телефон 023221138, Книгоиздателство “Култура” во Струмица на телефон 070214900 и Книгоиздателство “Просвета” во Охрид на телефон 070331507. Дополнителни информации може да се добијат на мобилен 071514705.