Мицкоски ќе ги повика маркетите јавно да ги објавуваат цените, за граѓаните да правеле споредба
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да открие дали Владата ќе преземе некакви мерки за зауздување на инфлацијата, пред да го види и слушне брифингот на Државниот пазарен инспекторат за состојбите на терен и нивните сознанија за маржите кај трговците, добавувачите и производителите. Но доколку се случи нешто по дискусијата на владината седница, јавноста ќе биде известена, рече Мицкоски.
Да почекаме малку, за половина час почнува седницата на Владата и ќе го разгледуваме извештајот на ДПИ. Не сакам да шпекулирам за евентуалните мерки. Тие се разгледуваат, но не би сакал да ги откријам пред време. Но, бидејќи сте упорни, јас ќе предложам една од работите за кои би требало да дискутираме да биде можноста сите трговски синџири на нивната јавна веб-страница да ги објават цените на сите производи кои ги имаат во маркетите, за граѓаните да ги следат цените. Тоа е тренд во многу земји, па и ние би требало да го следиме – рече Мицкоски, испровоциран од прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Владата.