РЕГИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА МЛАДИ
Вчера, во присуство на амбасадорот на Швајцарија, г-ѓа Вероник Улман, градоначалници од Пелагонискиот регион, претставници на општинските совети, граѓанскиот сектор и, најважно, младите од сите 9 општини, членовите на Регионалната платформа за млади усвоија препораки по мерка на младите!
На 3-тата средба на оваа Платформа која се одржа во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите„ имплементиран од Про Локал од Битола преку програмата Цивика Мобилитас, беа презентирани проблемите но и потребите со кои младите се соочуваат во 3 области: локален економски развој, заштита на животната средина и здравствена и протовпожарна заштита.
Членовите на платформата со еднакво право на глас, дебатираа и усвоија мерки со кои директно се унапредуваат младинските состојби во сите општини и во рамки на надлежностите на локалната самоуправа. Создавање регионално онлајн советувалиште за ментално здравје за младите, регионална награда за младински иновации, симулација на управување со отпад во сите училишта во регионот се само дел од решенијата кои младите ги понудија пред градоначалниците и граѓанските организации.
Регионалната Платформа за Млади е иновативен механизам кој овозможува младите активно да учествуваат во процесите на одлучување и да придонесат кон креирање на политики по нивна мерка.
Градоначалникот Коњановски потенцира дека општините од регионот се посветени на овој процес, со цел младите да имаат реална можност да бидат вклучени во креирањето на локални политики и решенијата кои ќе се имплентираат навистина да ги отсликуваат нивните потреби во зависност од местотот во кое што живеат.