Ако сите остро осудуваат негирање на украинскиот идентитет, зошто МОЛЧАТ кога се негира МАКЕДОНСКИОТ јазик и идентитет?

Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на Минхенската безбедносна конференција, во своето обраќање денеска зборуваше за зпредизвиците со кои се соочува НАТО, за двојните стандарди во политиката и за енергетските можности на Македонија.

Ако сите остро осудуваат негирање на украинскиот идентитет, зошто молчат кога се негира македонскиот јазик и идентитет? – праша Мицкоски на минхенската безбедносна конференција.

-На Минхенската безбедносна конференција зборував за предизвиците со кои се соочува НАТО, за двојните стандарди во политиката и за енергетските можности на Македонија.

Нашата држава го промени своето име за да стане членка на НАТО, а сега повторно се соочуваме со барања за нови отстапки за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Ова ли се европските вредности?

Ги слушнав гласините за мешање во внатрешните работи, но кога го менувавме знамето, валутата и уставното име, зошто тогаш никој не реагираше? Денес сме сведоци на „балканизација на Европа“, наместо „европеизација на Балканот“.

Ако сите остро осудуваат негирање на украинскиот идентитет, зошто молчат кога се негира македонскиот јазик и идентитет?

Во однос на енергетиката, Македонија има стратешка улога преку Коридорите 8 и 10, кои се клучни за економијата и НАТО.

Со правилен развој, можеме да ја претвориме нашата географска положба во огромна предност. Но, иднината на Македонија во ЕУ мора да биде праведна и извесна, без нови понижувања!


1206

Задолжително

Verified by MonsterInsights