Се гради најголемиот брод во Охридското Езеро (Фото)
????????????????????????????????????
Охрид, 16. февруари 2025 – Со должина од 32 метри, капацитет за 250 патници и тежина од 100 тони, водите на Охридското Езеро наскоро ќе ги сече уште еден модерен брод, најголем во езерото.
Станува збор за уште еден модерен пловен објект, изграден по сите светски стандарди, карактеристичен по неговите два трупа, кои ќе му овозможат поголема брзина, стабилност и безбедност.
Проектот е на инженерот Александар Ѓорѓевиќ од Белград, а се изведува под надзор на „Биро Веритас“, француската компанија која го одобри и ја контролира целата изведба.
Неофицијално, бродот треба да биде завршен годинава, со што ќе заврши изградбата која трае повеќе од пет години.