Редовен состанок на Советот на жени претприемачи на општина Битола
Вчера се одржа редовен состанок на Советот на жени претприемачи на општина Битола, каде што се дискутираше за сите претстојни активности на Советот и актуелните случувања на локалниот пазар.
Особена чест ни беше да ги слушнеме предлозите за новите членки на Советот и нивното претставување. Веруваме дека со нивниот ангажман и идеи ќе придонесеме за уште поголем развој и поддршка на женското претприемништво во нашата општина.
Остануваме посветени на создавање можности за раст, соработка и унапредување на деловната клима за жените претприемачи во Битола!