Фридрих Мерц триумфира на германските изборите, подготвен за формирање влада

Свесен сум за одговорноста, изјави Мерц пред своите поддржувачи во Берлин, тврдејќи дека има јасен мандат да ја предводи следната германска влада.

Според првичните проекции, конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои 29 отсто од гласовите, пред екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која е на второ место, со околу 20 проценти доверба.

Мерц нагласи дека е свесен за големината на задачата што го очекува.

  • Знам дека нема да биде лесно, рече тој, додавајќи дека Германија не смее да губи време во формирањето на новата влада. – Светот не чека на нас, истакна Мерц.

Тој му се заблагодари на лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер, за изборната соработка и им оддаде признание на своите политички конкуренти.

Со победата на ЦДУ/ЦСУ, 69-годишниот Фридрих Мерц е на чекор до остварување на својата долгогодишна цел – да стане германски канцелар.

Ова е личен триумф за Мерц, кој по години надвор од активната политика направи големо враќање и успеа да ја врати ЦДУ на власт по повеќе од три години во опозиција, анализира ДПА.

Правник и економски експерт, Мерц пораснал во регионот Зауерланд во Западна Германија и ја започнал својата политичка кариера во Европскиот парламент во 1989 година.


1152

Задолжително

Verified by MonsterInsights