Министерката за енергетика Сања Божиновска во посета на ХЕЦ Вруток
Вруток – срцето на македонската хидроенергија!
Со моќност од 165 MW, ХЕЦ Вруток е клучна за стабилноста на нашиот енергетски систем. Мавровскиот систем е еден од најсложените и најважните во земјата. Водата што ја движи оваа моќна електрана се собира од планинските масиви на Кораб и Шар Планина, преку разгранет систем на канали и цевководи долги над 130 километри – вистинско инженерско ремек-дело!
И покрај предизвиците со затекнатото ниското ниво на Мавровското Езеро, со домаќинско работење, на крајот на 2024 оствари производство – 28% над планот!
Ревитализацијата во 2014 донесе 18 MW дополнителна моќност
Во план е нова фаза на модернизација за поголема стабилност и дополнителни приходи.
„Континуираниот развој на хидроенергијата е врвен приоритет. Вруток и целиот Мавровски систем остануваат столбот на нашето обновливо производство“
Вруток произведува чиста енергија – иднината е во обновливите извори!